Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1984 - Jerry Lee Lewis се жени по шести пат, сега со 22-годишната Kerrie McCarver.
  • 1961 - USA No1 Del Shannon “Runaway” 4 w.
  • 1968 - UK No1 Louis Armstrong “What A Wonderful World” 4 w.
  • 1945 - роден е Doug Clifford, тапанист во Creedance Clearwater Revival.
  • 1977 - Joan Baez и Santana одржуваат бесплатен концерт за затворениците од калифорнискиот затвор Soledad.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје