Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1977 - издаден е легендарниот албум на Fleetwood Mac, "Dreams".
  • 1993 - Billy Burnette ги напушта Fleetwood Mac за да се сконцентрира на кантри музиката.
  • 2003 - Luther Vandross преживува мозочен удар.
  • 1963 - роден е Џими Озмонд намладиот член на групата Озмондс.
  • 1964 - роден е David Pirner, пејач и текстописец во Soul Asylum.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје