Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1989 - Fine Young Cannibals го добиваат единствениот британски бр.1 албум 'The Raw And The Cooked.'
  • 1954 - Роден е актерот и пејач John Travolta (1978 UK & USА No.1 хит со Olivia Newton John - 'You're The One That I Want').
  • 1967 - USА No.1 Buckinghams 'Kind Of A Drag'
  • 1972 - Радиото KDAY од Лос Анџелес цел ден пушта две нови песни од Rolling Stones, откако добило украдени траки од домот на продуцентот на групата.
  • 1984 - Simple Minds го добиваат првиот британски бр.1 албум 'Sparkle In The Rain'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје