Антена 5 Вести

ИФА Лисабон: Трендови кај апарати за домаќинство

На ИФА глобалната прес конференција која се одржа во Лисабон од 20 до 23 април е најавен најголемиот европски саем на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, кој ќе се одржи од 1 до 6 септември во Берлин, Германија.

Во Лисабон беа претставени трендовите кај апаратите за домаќинство кои ќе доминираат на претстојниот ИФА 2017. Меѓу нив се паметни, поврзани апарати кои поседуваат секакви функции како заштеда на ресурси и енергетска ефикасност, одржливост, со опции кои се лесни за користење и програмирање. Така на пример кај апаратите за готвење фокусот е на здравата храна со користење на свежи состојки. Освен исклучителните технички можности, овие апарати можат да се пофалат со исклучителен дизајн и високо квалитетни материјали.

Големите и мали електрични апарати се повеќе се поврзани со и поседуваат паметни апликации. Овие апарати се контролирани преку мобилни уреди и апликации кои можат да пристапат до нивниот тековен програмски статус, пораки, како и одржување, поправки и сервисни информации. Сензорите можат да го следат начинот на кој сопственикот го користи апаратот и да предложат подобрувања преку апликацијата. Вградените камери овозможуваат увид во внатрешноста на рерната или фрижидерот. Ова го отвора патот за нови апликации, функции и дигитални сервиси кои нудат забавно и квалитетно искуство. Тие штедат време и напор и нудат мноштво совети за заштеда на струја, готвење и сл. Меѓуповрзаните апарати исто така можат да споделуваат информации, поради што е можно да се контролираат повеќе апарати преку еден контролен панел.

05.05.2017
Музички времеплов
  • 1976 - Филмот на Led Zeppelin, 'The Song Remains The Same' има премиера во Њујорк. На премиерата се собрани 25.000 долари кои одат во добротворни цели.
  • 1953 - Роден е Tom Petty, гитарист и вокалист во Tom Petty and the Heartbreakers (1989 UK No.28 'I Won't Back Down').
  • 1978 - Во Њујорк Police го имаат првиот настап во САД. Летале со евтини авионски билети, а инструментите си ги носеле во обични куфери.
  • 1973 - USA No.1 Rolling Stones 'Angie'
  • 1979 - USА No.1 Herb Alpert 'Rise'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје