Настани

Sea Dance 2016

14.07.2016 20:00 - 16.11.2016 23:00

Годинашната Exit авантура забележа над 270.000 посетители од над 60 земји во светот. Во текот на четирите фестивалски денови во Нови Сад во рамките на Exit фестивалот и трите фестивалски дена во Будва во рамките на Sea Dance фестивалот настапија некои од најголемите светски музички ѕвезди.

Третото издание на Sea Dance фестивалот се одржа на плажата Јаз во Будва од  14 до 16 јули 2016 и помина во одлична атмосфера и покраj невремето кое го зафати црногорскиот брег. Меѓу изведувачите беа Stereo MCs, Andy C, Black Coffee, Sister Bliss од Faithless, Jeff Mills, Lost Frequencies, Banco de Gaia, Zomboy, Goldie, Sub Focus, Shy FX. На првата фестивалска вечер настапи Skrillex кој, како и две години претходно на Exit во Нови Сад, имаше извонреден настап. За завршницата на фестивалот беше резервиран настапот на дуото од Манчестер - Hurts.

Музички времеплов
  • 1963 - На 39 години умира американската пејачка Dinah Washington. Mad About A Boy
  • 1996 - UK No.1 Boyzone 'A Different Beat'
  • 1972 - Филмот 'Born To Boogie' режиран од Ringo Starr, има премиера во Лондон. Во филмот се појавуваат T Rex.
  • 1969 - Со гостувањето во шоуто на Ed Sullivan, Jackson Five го имаат првото појавување на ТВ.
  • 1999 - Вокалистот на Happy Mondays, Shaun Ryder, мора да плати оштета од 160.000 евра на својот поранешен менаџерски тим поради несогласување во договорот. Tврдел дека бил под дејство на дрога, па не го прочитал договорот во целост кога го потпишувал.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје