Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1987 - USА No.1 Bon Jovi 'Livin' On A Prayer'
  • 1980 - Во интервју, членот на Rolling Stoneѕ, Bill Wyman, најавува дека ќе ја напушти групата по две години, на нивната 20-годишнина од опстојувањето. Сепак ќе си замине од групата дури по 11 години.
  • 1989 - Debbie Gibson започнува 5-неделен престој на првото место на американската албумска листа со 'Electric Youth'.
  • 1947 - Роден е Dennis Deyoung, вокалист и клавијатурист во Styx (1979 USА No.1 & 1980 UK No.6 'Babe').
  • 1972 - Радиото KDAY од Лос Анџелес цел ден пушта две нови песни од Rolling Stones, откако добило украдени траки од домот на продуцентот на групата.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје