Антена 5 Вести

Robbie Williams ќе пее на Brit Awards

Британската поп ѕвезда Robbie Williams се приклучи кон листата изведувачи на претстојните Британски музички награди, заедно со Little Mix, Emeli Sande и The 1975.

Williams е рекордер по бројот на освоени награди на најпрестижната британска музичка манифестација и е добитник на наградата Брит икона која му беше врачена во ноември, па шоуто не можеше да помине без него.

“Пресреќен сум што повторно ќе настапам на Brit Awards”, изјави пејачот.

“Возбудени сме што повторно ќе го имаме Robbie на сцената бидејќи тој стана дел од историјата на овие награди. Тој е изведувач од светска класа кој никогаш не разочарува,“ стои во соопштението на организаторите.

Williams во текот на својата кариера има освоено 17 награди, а негов најблизок ривал е групата Coldplay која има освоено 9 награди. Дури и да ги освојат двете категории во кои се номинирани, Coldplay не можат да се доближат до рекордот на Williams.

Инаку, организаторите трагаат по нов водител на манифестацијата, откако Michael Buble донесе одлука да се повлече од овој ангажман поради тешката болест на неговиот син Noah.

Британските музички награди ќе се одржат на 22 февруари во лондонската O2 Арена и ќе бидат пренесувани на Антена 5 радио.

20.01.2017
Музички времеплов
  • 1987 - Carole King го тужи сопстевникот на издавачката компанија Lou Adler за неисплатени преку 400.000 долари за авторски права.
  • 1979 - на првото место во САД доаѓа “Heart of Glass” на Blondie. Како прослава Andy Warhol организира забава за групата во дискотеката Studio 54 во Њујорк.
  • 1977 - USA No1Thelma Houston “Don’t Leave Me This Way” 1 w.
  • 1936 - роден е Roy Orbison.
  • 1994 - UK No1Symbol “The Most Beautiful Girl In The World” 2 w.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје