Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1937 - Роден е Frankie Valli, сопственик на хитот 'Grease'.
  • 1933 - Роден е кумот на соулот James Brown.
  • 1983 - Kajagoogoo ја започнуваат првата голема британска турнеја.
  • 1972 - Роден е Mark Morrison, сопственик на британскиот бр1 хит 'Return Of The Mack'.
  • 1997 - Katrina And The Waves победуваат на изборот за песна на Евровизија со песната 'Love Shine A Light'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје