Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1961 - Родена е Alison Moyet, членка на Yazoo (1982 UK No.2 'Only You') и соло изведувачка (1985 UK No.2 'That Ole Devil Called Love').
  • 1988 - USА No.1 Rick Astley 'Together Forever'
  • 1957 - Роден е Tom Bailey, вокалист и клавијатурист во Thompson Twins (1984 UK No.2 'You Take Me Up', 1984 US No.3 'Hole Me Now').
  • 1942 - Роден е најуспешниот композитор на сите времиња, член на Beatles и Wings, Paul McCartney.
  • 1977 - Албумот на Beatles 'Live At The Hollywood Bowl' доаѓа на првото место на британската листа.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје