Настани

18.08.2019 10:00 - 23.08.2019 23:00

Најголемите светски ѕвезди го потврдија доаѓањето на Сонус фестивалот 2019!

Откако неодамна го објави датумот на одржување на своето седмо издание, Сонус фестивалот ги објави имињата на првите 42 изведувачи кои ќе настапуваат во периодот од 18 до 23 август во клубовите на плажата Зрче на островот Паг.
Повеќе
04.11.2018 20:00 - 04.11.2018 23:00

MTV EMA 2018

На 4 ноември во Билбао, Шпанија, се одржа 25-тото издание на MTV европските музички награди – манифестација која секоја година се одржува во друг град и која е препознатлива по спектакуларните настапи. По Барселона во 2002 и Мадрид во 2010 ова беше третпат наградите да се одржат во Шпанија.
Повеќе
22.02.2017 20:00 - 22.02.2017 23:30

Brit Awards 2017

На 22 февруари 2017, во О2 Арената во Лондон, се одржа 37-тото издание на Британските музички награди. Водители на манифестацијата беа Dermont O’Leary и Emma Willis. Во текот на шоуто му беше оддадена почит на почината британска ѕвезда George Michael за кого говореа Andrew Ridgeley, неговиот музички партнер од дуото Wham, како и девојките со кои соработуваа - Shirley & Pepsi. Во чест на Michael, фронтменот на Coldplay, Chris Martin ja изведе “A Different Corner”.
Повеќе
06.11.2016 20:00 - 06.11.2016 23:00

MTV EMA 2016

MTV европските музички награди 2016 се одржаа на 6 ноември во Ротердам. Ова беше трет пат наградите да се одржат во Холандија, а вторпат во Ротердам. Водителка на спектаклот во Ротердам Ахој арената беше Bebe Rexha, која го отвори шоуто. Големите победници на вечерта беа Lady Gaga и Justin Bieber, освојувајќи по две награди. Манифестацијата помина и во знак на прерано починатата ѕвезда Prince, па во негова чест статуетките кои ги добиваа победниците беа со пурпурна боја.
Повеќе
15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

D Festival 2016

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини. Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.
Повеќе
123456
Музички времеплов
  • 1991 - Queen го добиваат седмиот британски бр.1 албум 'Innuendo'.
  • 1961 - Роден е Andy Taylor, гитарист во Duran Duran и во Power Station (1985 UK No.14 'Some Like It Hot').
  • 2003 - 50 Cent доаѓа на првото место на американската албумска листа со ‘Get Rich or Die Tryin’.
  • 1974 - Bob Dylan го добива првиот американски бр.1 албум 'Planet Waves'.
  • 1967 - UK No.1 Petula Clark 'This Is My Song'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје