Спортски Вести

И седмопласираната од Евробаскетот оди во квалификации за ОИ

На кошаркарскиот турнир на Олимписки игри 2016 ќе настапат 18 селекции, наместо досегашната пракса од 12, што значи дека Европа ќе има пет, наместо досегашните четири претставници.

 

Тоа значи дека и седмопласираната репрезентација од Европското првенство кое започнува на 5 септември ќе добие шанса да настапи на предолимпискиот турнир.

 

Истото важи и за четвртопласираните репрезентации од шампионатите на Азија и Африка.

 

Преостанатите три места ќе бидат пополнети по принципот „вајлд-карта“ која ФИБА ќе им ја врачи на државите кои нема да успеаат да се пласираат, а имаат одреден квалитет и углед во кошаркарската јавност.

 

Македонија на Европското првенство ќе настапи против Грција, Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија.

14.08.2015
Музички времеплов
  • 1972 - онесвестени тинејџерки и други повредени е резултатот од стампедо што претходи на концерт на Jethro Tull во Лонг Аисланд. Било предизвикано од 2.500 обожаватели кои барале билети и полицијата која интервенирала.
  • 1961 - USA No1 Del Shannon “Runaway” 4 w.
  • 2003 - Sinead O'Connor објавува пензионирање од музичката кариера.
  • 1945 - роден е Doug Clifford, тапанист во Creedance Clearwater Revival.
  • 1947 - роден е Глен Корник басист на групата Jethro Tull, која по првичните успеси ја напушта за да ги формира сопствените Wild Тurkey.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје