Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1994 - Членот на Crosby Stills & Nash, David Crosby преживува успешна трансплантација на црниот дроб. Дробот на Crosby бил оштетен од претерано конзумирање алкохол и од дрога.
  • 1955 - Во Sun студијата во Мемфис, Carl Perkins ја снима рокенрол класиката 'Blue Suede Shoes'.
  • 1990 - Pia King, сопругата на лидерот на Level 42, Mark King, бара забрзан развод откако сопругот ја изневерил со дадилката на нивните деца.
  • 2003 - Полицијата го апси Michael Jackson поради обвинувањата за сексуална злоупотреба на 12 -годишно момче.
  • 1988 - UK No.1 Robin Beck 'First Time'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје