Спортски Вести

Мареј победник на Мастерсот во Монтреал

Енди Мареј успеа да триумфира на Мастерсот во Монтреал откако синоќа во финалето по речиси три часа игра го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови. Со оваа победа тој ја прекина серијата од осум триумфи на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели и ја постигна деветта победа во 28.иот меѓусебен меч.

Финалето Мареј го доби со 6:4; 4:6 и 6:3 во сетови.

Новиот шампион на „Роџерс купот“ во Монтреал го искористи нешто послабиот сервис и грешките, кои ги правеше првиот светски тенисер и заслужено стигна до својата четврта титула во 2015 година или 35.та во кариерата. 

Беше познато и пред освојувањето на турнирот во Монтреал дека Мареј од денеска се враќа на местото број 2 на АТП листата и успеа да го мине Рожер Федерер, додека на првото место е Новак Ѓоковиќ

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1972 - Роден е Mike Dirnt, басист во Green Day.
  • 1956 - Gene Vincent and The Blue Caps ја снимаат 'Be Bop A Lula'.
  • 2003 - Madonna го добива петтиот американски албумски бр1 со ‘American Life’.
  • 1991 - 25 години откако првпат се појави на музичката сцена Cher го добива првиот британски соло бр1 хит 'The Shoop Shoop Song'.
  • 1985 - UK No1 Phyllis Nelson 'Move Closer'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје