Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1984 - Jerry Lee Lewis се жени по шести пат, сега со 22-годишната Kerrie McCarver.
  • 1972 - онесвестени тинејџерки и други повредени е резултатот од стампедо што претходи на концерт на Jethro Tull во Лонг Аисланд. Било предизвикано од 2.500 обожаватели кои барале билети и полицијата која интервенирала.
  • 1963 - на првото место во САД доаѓа “I Will Follow Him” на Little Peggy March, која со 15 години станува најмладиот женски изведувач со бр.1 сингл.
  • 1968 - UK No1 Louis Armstrong “What A Wonderful World” 4 w.
  • 1961 - USA No1 Del Shannon “Runaway” 4 w.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје