Антена 5 Вести

Katy Perry ќе настапи на Brit Awards

Американската ѕвезда Katy Perry се приклучи кон листата изведувачи на претстојните Британски музички награди. Тоа ќе биде нејзин прв настап во живо на британските ТВ екрани после три години.

“Возбудена сум што ќе се вратам во една од моите омилени земји откаде доаѓаат некои од моите најголеми музички влијанија. Возбудена сум што после три години ќе се вратам на сцената на Brit Awards,“ се огласи Perry.

Своето враќање на сцената Perry го најави со настапот на Греми наградите кои се одржаа во неделата во Лос Анџелес,  а на кои го изведе новиот сингл “Chained To the Rhythm”.

Претходно, беше објавено дека на Британските музички награди ќе настапат Bruno Mars, Ed Sheeran, Robbie Williams, Skepta, The 1975, Little Mix и Emeli Sande. Како водители на манифестацијата се ангажирани Dermot O’Leary и Emma Willis.

Наградите ќе бидат емитувани во живо на Антена 5 радио.  

14.02.2017
Музички времеплов
  • 1988 - Sonny Bono е инаугуриран за градоначалник на Палм Спрингс.
  • 1975 - еден од првите диско хитови "The Hustle" на Van McCoy доаѓа на американските топ листи.
  • 1944 - роден е Mark Volman од Turtles.
  • 1980 - USA No1 Blondie “Call Me” 6 w.
  • 1978 - Jackson Browne, Doobie Brothers, Tom Petty and the Heartbreakers, Carly Simon, Bruce Springsteen, James Taylor и други потпишуваат петиција против учеството на Америка во нуклеарната моќ.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје