Антена 5 Вести

ИФА Лисабон: Трендови кај потрошувачката електроника

На ИФА глобалната прес конференција која се одржа во Лисабон од 20 до 23 април е најавен најголемиот европски саем на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, кој ќе се одржи од 1 до 6 септември во Берлин, Германија.

На претстојниот ИФА 2017 ќе бидат претставени производи кои се очекува дека ќе заинтересираат милиони потрошувачи кои во глобални рамки највеќе купуваат во текот на Новогодишните и божиќните празници. Меѓу нив се најавени ултра тенки ТВ екрани кои се втопуваат во ѕидовите, високо квалитетни хај-фај музички компоненти кои поседуваат оптимум звук, камери кои можат да снимаат во 360 степени, 3Д принтери и многу други нешта.

Во однос на квалитетот на ТВ сликата во 2017 е забележан значаен напредок во делот на светлоста, контрастот, длабочината на боите и аглите на гледање.

Меѓу новите трендови на ИФА се звучници кои примаат музика преку wifi или Bluetooth. Некои производители користат само еден безжичен систем, другите ги користат обата. Меѓу другите популарни одлики се комуникациски протоколи како Apple Airplay и Google Cast. Безжичните слушалки се користат се повеќе.

Гласовната контрола е тренд кој е присутен извесно време, како Siri, Alexa и слично. Се повеќе уреди во вмрежениот дом можат да бидат управувани преку гласовна контрола, а вештачката интелигенција ова го олеснува уште повеќе. Ботовите и дигиталните уреди ги учат командите на сопственикот и можат автоматски да го преземат еркондишн системот во целиот дом, на пример. Ова несомнено, ќе ги поттикне прашањата за безбедноста, па секако сите овие недоумици и опасности ќе бидат дискутирани на ИФА 2017.

Покрај паметните часовници, фитнес нараквиците и паметните телефони опремени со сензори, пристигнаа и паметните облеки кои можат да го набљудуваат движењето и виталните функции преку сензори закачени за сите делови на човечкото тело. Ова може да биде искористено за забава, спорт и игри, како и медицинска рехабилитација.

Повеќето посетители на ИФА 2017, како што е најавено, дома ќе си заминат со убав сувенир – минијатурен модел од себеси со помош на 3Д принтер. Оригиналот е репродуциран преку користење скенер кој собира податоци во 3Д.

05.05.2017
Музички времеплов
  • 1965 - Родена е Bjork Gudmundsdottir, членка на Sugarcubes. 'It's Oh So Quite'
  • 1981 - USА No.1 Billy Idol 'Mony Mony' (песна оригинално од Tommy James)
  • 1975 - Elton John добива ѕвезда на холивудската Патека на славните.
  • 1980 - Don Henley е уапсен, откако во неговиот дом во Лос Анџелес е пронајдена 16-годишна девојка предозирана со дрога.
  • 1990 - Mick Jagger се жени со Jerry Hall. Во 1999 година бракот е прогласен за неважечки, зашто 6-часовната венчавка никогаш не била регистрирана.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје