Антена 5 Вести

Eminem ќе настапи на MTV Europe Music Awards

Само еден ден по објавувањето на новиот сингл “Walk On Water” на Eminem во соработка со Beyonce, објавено е дека раперот ќе се приклучи кон изведувачите на MTV Europe Music Awards кои ќе се одржат на 12 ноември во Лондон.

Се уште нема потврда дали на сцената ќе му се приклучи и Beyonce, но неговите фанови секако се израдуваа на веста дека по подолга пауза еден од највлијателните рапери ќе се врати на музичката сцена. Освен што ќе го изведе својот најнов сингл, Eminem е номиниран во две категории – Најдобар хип-хоп изведувач и Најдобар изведувач во живо.

Ова ќе биде негово четврто појавување на наградите. Последен пат настапи во 2013 во Амстердам кога ги изведе “Rap God” и “Berzerk” од неговиот последен албум “The Marshall Mathers LP2”. Тогаш беше добитник на наградата Глобална икона, а исто така победи во категоријата најдобар хип-хоп изведувач.  Во 2004 во Рим ги изведе “Like Toy Soldiers”/”Just Lose It”, а во 2002 во Барселона со “Cleanin’ Out My Closet”/”Lose Yourself”.

Eminem е еден од најуспешните изведувачи во историјата на MTV европските музички награди – може да се пофали со 35 номинации и 15 освоени награди.

Неодамна некои медиуми во Детроит, неговиот роден град, известија дека одржува проби за настапот во Лондон заедно со Skylar Gray, која е копродуцент на новиот сингл заедно со Rick Rubin.

Oва е прв сингл од новиот албум на Еминем, “Revival”, кој ќе се издаде наскоро.

11.11.2017
Музички времеплов
  • 1972 - Филмот 'Born To Boogie' режиран од Ringo Starr, има премиера во Лондон. Во филмот се појавуваат T Rex.
  • 2003 - Alicia Keys го добива вториот американски бр.1 албум ‘The Diary Of Alicia Keys’. If I Ain't Got You
  • 1963 - На 39 години умира американската пејачка Dinah Washington. Mad About A Boy
  • 1969 - Со гостувањето во шоуто на Ed Sullivan, Jackson Five го имаат првото појавување на ТВ.
  • 1999 - Вокалистот на Happy Mondays, Shaun Ryder, мора да плати оштета од 160.000 евра на својот поранешен менаџерски тим поради несогласување во договорот. Tврдел дека бил под дејство на дрога, па не го прочитал договорот во целост кога го потпишувал.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје