Jorja Smith, George Ezra и Little Mix ќе настапат на претстојните Британски музички награди.
Освен што ќе настапува George Ezra е номиниран за Најдобар британски машки изведувач, Најдобар британски албум (за “Staying at Tamara’s”) и Најдобар британски сингл (за “Shotgun”).
Little Mix се номинирани за Најдобра британска група и Најдобар британски спот (за “Woman Like Me” во соработка со Nicki Minaj).
Jorja Smith, која минатата година ја доби Critic’s Choice наградата, e номинирана во категориите Најдобар британски женски изведувач, Најдобар британски нов изведувач и Најдобар британски албум (за “Lost & Found”)
Номинациите за наградите беа објавени кон средината на јануари, а листата со по 4 номинации ја предводат Anne-Marie и Dua Lipa.
Новото издание на Британските музички награди ќе се одржи во лондонската O2 Arena на 20 февруари и ќе се емитува во живо на Антена 5 радио.
18.01.2019