Спортски Вести

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Париз

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз. Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.

Во првиот сет клучен беше брејкот на Ѓоковиќ во 12 гем, откако претходно двајцата играчи имаа по еден освоен гем на противнички сервис. Во вториот сет српскиот тенисер направи брејк во осмиот гем за водство во тој момент од 5:3 по што следуваше и победата.

Во последниот синоќешен меч на Мастерсот во париската престолнина, Жил Симон (Франција) беше поуспешен од сонародникот Беноа Пер со 2-1.

Токму Симон во 3.коло ќе му биде противник на Ѓоковиќ.

04.11.2015
Музички времеплов
  • 1955 - Роден е Stan Lynch, тапанист во бендот на Tom Petty, Heartbreakers.
  • 1994 - USА No.1 All 4 One 'I Swear'
  • 1971 - Се распаѓа британската рок група Free.
  • 1985 - Родена е Mutya Buena од Sugababes.
  • 1977 - US No.1 Stevie Wonder 'Sir Duke' (песна посветена на Duke Ellington)
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје