Антена 5 Вести

Pink со награда и настап на Brit Awards

Глобалната поп икона Pink е добитник на престижната награда за Особен придонес кон музиката и ќе биде првиот интернационален изведувач кому му се доделува почеста во рамките на Британските музички награди.  Меѓу претходните добитници на оваа награда се Elton John, David Bowie, Queen, Spice Girls, U2, Paul McCartney, Oasis, Robbie Williams и Blur.

Организаторите најавија дека годинашното шоу ќе биде затворено токму со нејзиниот настап.

Од своето деби во 2002 година, Pink има издадено седум студиски албуми продадени во тираж од над 60 милиони примероци во глобални рамки. Во Британија, нејзините албуми се продадени во тираж од над 8 милиони примероци, а нејзините синглови можат да се пофалат со бројка од 12 милиони продадени примероци.

На Британските музички награди таа има добиено девет номинации, а во 2003 година ја освои наградата за Најдобар интернационален женски изведувач. Претстојното лето ја очекува првата британска стадионска турнеја после пет години, со два концерти на лондонскиот стадион Вембли.

Претходно, беше соопштено дека кон списокот изведувачи на Британските музички награди се приклучува Jess Glynne, една од најуспешните британски пејачки со два бр.1 албуми зад себе. Во текот на настапот ќе биде придружена од американската пејачка H.E.R.

39-тото издание на Британските музички награди ќе се одржи на 20 февруари во O2 Арената во Лондон и ќе се емитува во живо на Антена 5 радио. Домаќин на манифестацијата е актерот и комичар Jack Whitehall.

12.02.2019
Музички времеплов
  • 1981 - UK No1 Buck’s Fizz “Making Your Mind Up” 3 w.
  • 1992 - UK No1 Right Said Fred “Deeply Dippy” 3 w.
  • 1987 - USA No1 Aretha Franklin & George Michael “I Knew You Were Waiting” 2 w.
  • 1975 - премиера на специјална ТВ емизија за Alice Cooper, "Welcome To My Nightmare: The Making Of A Record Album".
  • 1981 - британскиот прогресивен рок бенд Yes најавува распад. Подоцна ќе се реобединуваат уште неколку пати.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје