Емисии


Соул Рели

Емисијата Соул Рели се појави во етерот во 1977 година на брановите на Втората програма на Радио Скопје. Од јули 2005 година редовно се емитува на Антена 5 Радио, секоја недела од 9 до 10 часот. Таа е авторско дело на Проф. Др. Миодраг Врчаковски и во неа се прзентира поретко слушана ретро музика од 60, 70, 80 и 90-те години, со посебен акцент ставен на соул музиката од тоа време. Емисијата обилува со оригинални и забавни џинглови и интервјуа со познати и непознати личности за како што вели авторот, “музичка психорелаксација на целата Македонска нација“.
Водител: Миле Врчак
Термин: недела од 09 до 10 часот
Музички времеплов
  • 1990 - Во Мерсејсајз се одржува концерт во чест на John Lennon и на него се појавуваат Lenny Kravitz, Al Green, Joe Cocker, The Christians, Kylie Minogue, Ringo Starr, Jeff Lynne, Tom Petty, Deacon Blue, Lou Reed, Joe Walsh и Wet Wet Wet.
  • 1996 - Вокалистката на Cranberries, Dolores O'Riordan добива јавно извинување и оштета од 7.500 фунти од магазинот Daily Star, зашто имал објавено лажна информација дека Dolores на концертите настапува без долна облека.
  • 1964 - Роден е Kevin Saunderson од Inner City.
  • 2000 - Rod Stewart е подложен на едночасовна операција на грлото за отстранување израсток на штитната жлезда. На крај излегува дека израстокот бил безопасен.
  • 1962 - USA No1 The Shirelles 'Soldier Boy'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје