Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1974 - Eric Clapton започнува 4-неделен престој на првото место на американстака албумска листа со '461 Ocean Boulevard'.
  • 1965 - Byrds се принудени да го откажат концертот во Портсмаут во В. Британија, зашто од предвидените 4.000 билети се пордале само 250.
  • 2003 - Eva Cassidy започнува тринеделен престој на првото место на британската албумска листа со ‘American Tune’.
  • 1953 - Роден е Kevin Rowland, вокалист во Dexy's Midnight Runners (1982 UK No.1 & 1983 USА No.1 'Come On Eileen') и соло изведувач (1986 UK No.13 'Because Of You').
  • 1995 - Пејачот на Depeche Mode, Dave Gahan итно пренесен е во болница, зашто се обидел да се самоубие. Полицијата го пронашла во неговиот дом во Лос Анџелес со исечени вени на рацете.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје