Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1973 - Пејачот Ian Gillan ги напушта Deep Purple на крајот на турнејата низ Јапонија.
  • 1999 - Michael Jackson паѓа и се здобива со неколку повреди откако се срушил мост на сцената на концерт во Германија. За време на несреќата Jacko ја пеел 'Earth Song'.
  • 1985 - На аукција во Њујорк, Rolls-Royce лимузината на John Lennon продадена е за рекордни над 1,8 милиони долари.
  • 1975 - Американскиот пејач и текстописец Tim Buckley умира од предозираност со хероин и морфиум.
  • 1965 - Тапанистот на Rolling Stones, Charlie Watts купува куќа од 16 век.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје