Антена 5 Вести

Lizzo и Dave со настапи на Brit Awards

Lizzo и Dave се приклучуваат кон листата изведувачи на Британските музички награди закажани за 18 февруари.

Трикратната Греми добитничка Lizzo ќе го има својот досега најгледан ТВ настап во Британија. Американската ѕвезда наедно е номинирана во категоријата Најдобар интернационален женски изведувач. Пролетта 2019 година Lizzo го издаде својот трет албум “Cus I Love You” на кој се најде “Truth Hurts”, хитот кој го изведе на своето деби на Гластонбери фестивалот минатото лето.

Британскиот рапер Dave во март 2019 година го издаде својот деби албум “Psychodrama” кој дебитираше на врвот на британската албумска листа, наедно поставувајќи рекорд за најстримуван албум во првата недела од издавањето. Албумот му добнесе одлични критики и 4 номинации за Британските музички награди: Песна на годината (за “Location” во соработка со Burna Boy), Албум на годината, Најдобар нов изведувач и Најдобар машки соло изведувач.

Претходно како изведувачи на Brit Awards се најавени Billie Eilish, Harry Styles, Lewis Capaldi, Mabel, Stormzy, Celeste.

Британските музички награди ќе се одржат на 18 февруари во лондонската O2 Aрена. Антена 5 радио ќе биде присутна во Лондон за наградите со своја екипа и подготвува, како и секогаш, специјална програма посветена на најзначајната ноќ во британскиот музички календар .

06.02.2020
Музички времеплов
  • 2004 - Courtney Love добива укор од судот во Лос Анџелес зашто доцнела 5 часа на сослушување. Обвинета е зашто додека била под дејство на дрога нападнала недолжна жртва.
  • 1953 - Роден е Colin Hay од Men At Work (1983 UK & US No.1 'Down Under').
  • 1996 - Шефовите на американските издавачки компании објавуваат идеја за спроведување дрога тестови меѓу пејачите, слични на оние што се применуваат кај спортистите, за да се намали бројот смртни случаи од зависност од дрога.
  • 1965 - Тапанистот на Rolling Stones, Charlie Watts купува куќа од 16 век.
  • 1985 - На аукција во Њујорк, Rolls-Royce лимузината на John Lennon продадена е за рекордни над 1,8 милиони долари.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје