Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1975 - Led Zeppelin започнуваат 6-неделен престој на првото место на американската албумска листа со 'Physical Graffiti', нивни четрвти американски бр.1.
  • 1943 - Роден е поп/џез пејачот и гитарист George Benson (1980 USА No. 4 & UK No.7 'Give Me The Night').
  • 1975 - Tom Jones започнува 4-неделен престој на првото место на британската албумска листа со колекцијата '20 Greatest Hits'.
  • 1963 - Родена е Susanne Sulley, вокалистка во Human League (1981 UK No.1 & 1982 USА No.1 'Don't You Want Me' и уште над 15 други UK Top 40 синглови).
  • 1943 - Роден е Keith Relf, вокалист во Yardbirds (1965 UK No.3 & USА No.6 'For Your Love').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје