Музички Вести

Новиот албум на Адел е најочекуваниот албум за 2019-та година

Во музичките и новинарските кругови топ тема во годинава што изминува беше враќањето на Адел во студио. Овие информации говорат дека најталентираниот женски вокал на денешницата активно работи на нови песни за четвртиот студиски албум.

Еве неколку работи што треба да ги знаете за нејзиниот нов материјал.

Ова ќе биде нејзин прв албум по супер успешниот „25“ издаден во 2015-та година и фановите ширум светот се повеќе од возбудени.
Неименуван извор за британски The Sun изјави дека четвртиот студиски материјал ќе излезе во продажба за време на Православниот Божиќ, 2019-та година. Истиот извор подоцна додаде дека славната пејачка е во Британија и активно пишува нови песни. Во меѓувреме формиран е тим од легендарни музичари кои ќе работат на албумот.
Во однос на тоа како ќе се вика, сеуште нема официјална потврда. Адел во неколку наврати во минатото зборуваше дека „25“ ќе биде последен албум именуван по нејзините години. Со тоа се завршува трилогијата започната со дебито „19“, а потоа и со „21“.  Претпоставките се дека е возможно албумот да се вика едноставно „Адел“, нешто што и самата го начна во епизода на „Carpool Karaoke“ со Џејмс Корден во 2016-та година.

Што правеше Адел во меѓувреме?
Таа беше далеку од очите на јавноста по завршувањето на светската турнеја. Оваа турнеја воедно беше и промоција на  албумот кој дебитираше на првото место на топ листите во 32 земји, продавајќи се во  неверојатни 22 милиони копии ширум светот.
Активна беше само за хуманитарни настани, како главен поддржувач на семејствата погодени од пожарот во Гринфил Кулата, која се наоѓа на само неколку километри од нејзиниот дом во Кенсингтон.  Потоа се појави на неколку комеморации во чест на загинатите од трагедијата, а оваа година во одбележувањето на годишнината од трагедијата, Адел им се придружи на семејствата во снимањето на песната „Lean On Me“.
На 5-ти мај годинава го прослави јубилејниот 30-ти роденден приредувајќи голема забава инспирирана од филмот Титаник.

Адел, иако во моментов е на пауза, сепак останува најплатениот музичар во светот. Во својата кариера до сега има продадено повеќе од 100 милиони копии од синглови и албуми ширум светот.
Имајќи го ова во предвид сосема оправдани се возбудувањата на фановите, но и на целата музичка индустрија, во однос на нејзиното повторно враќање во студио.
Светот е во исчекување на уште едно ремек дело.

25.12.2018
Музички времеплов
  • 1999 - По 20 години брак, Jerry Hall и Mick Jagger формално се разделуваат.
  • 2004 - David Bowie мора да откаже неколку концерти низ Европа поради итна операција на срцето. Констатирана е блокирана акутна артерија.
  • 1959 - Роден е Marc Almond. Gene Pitney 'Something's Gotten Hold Of My Heart'
  • 1975 - Роден е Jack White од White Stripes. 7 Nation Army
  • 1959 - Роден е Jim Kerr, вокалист во Simple Minds. 'Belfast Child'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје