Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1947 - Роден е Marvin Lee Aday, односно Meat Loaf (1993 UK & USА No.1 'I'd Do Anything For Love But I Won't Do That'. Неговиот албум 'Bat Out Of Hell' од 1978 година поминува рекордни 457 недели на британската албумска листа).
  • 2003 - Kylie Minogue бара од полицијата да интервенира зашто добива заканувачки писма. Добила 700 писма адресирани до нејзината приватна адреса и до канцеларијата. Првите наликувале на обични писма од обожавател, но подоцнежните станале поагресивни.
  • 1947 - Родена е пејачката и актерка Barbara Dickson (1985 UK No.1 со Elaine Paige - 'I Know Him So Well').
  • 1953 - Роден е Greg Ham од Men At Work (1983 UK & USА No.1 'Down Under').
  • 1986 - Lionel Richie започнува двонеделен престој на првото место на американската албумска листа со 'Dancing On The Ceiling'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје