Настани

12.07.2019 21:00 - 14.07.2019 23:59

Д фестивал 2019

Д ФЕСТИВАЛ, единствениот летен музички фестивал во земјава, се одржа од 12 до 14 јули 2019 во Дојран. На деветтото издание низ фестивалските порти поминаа околу 30.000 посетители кои пристигнаа од 15 земји, со што е постигнат и нов рекорд на Фестивалот.
Повеќе
04.07.2019 20:00 - 07.07.2019 23:50

Exit 2019

Еxit фестивалот се одржа од 4 до 7 јули 2019 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. 19-тото издание на фестивалот беше според многумина можеби најдоброто досега. рекордот на дневна посета беше срушен уште на првиот ден кога низ фестивалските порти поминаа 56.000 луѓе, а во четирите фестивалски дена беше забележана посета од 200.000 посетители.
Повеќе
24.05.2019 20:00 - 25.05.2019 23:00

Sea Star 2019

Третото издание на Sea Star фестивалот во Умаг, Хрватска, беше посетено од 40.000 луѓе кои допатуваа специјално за него од триесетина земји од Европа, но и други континенти. Во лагуната Стела Марис во Умаг на десетина бини и зони настапија водечки светски и регионални ѕвезди меѓу кои Wu-Tang Clan, Ninа Kraviz, Sven Vath, IAMDDB, Mahmut Orhan, Ilariо Alicante, но и регионалните ѕвезди Бајага и Инструктори, Хладно Пиво, Марко Настиќ, Војко В..
Повеќе
20.02.2019 20:00 - 20.02.2019 23:30

BRIT AWARDS 2019

На 20 февруари 2019, во О2 Арената во Лондон, се одржа 39-тото издание на Британските музички награди. Втора година по ред водител на манифестацијата е британскиот актер и комичар Jack Whitehall. Меѓу презентерите беа Paloma Faith, Annie Mac, Suki Waterhouse, Khalid, Jared Leto, Liam Payne. Како изведувачи настапија 1975, Pink, George Ezra, Hugh Jackman, Pink, Little Mix & Ms Banks, Jorja Smith & H.E.R., Jess Glynne, Calvin Harris & Dua Lipa, Sam Smith и Rag’n’Bone Man.
Повеќе
18.08.2019 10:00 - 23.08.2019 23:00

Најголемите светски ѕвезди го потврдија доаѓањето на Сонус фестивалот 2019!

Откако неодамна го објави датумот на одржување на своето седмо издание, Сонус фестивалот ги објави имињата на првите 42 изведувачи кои ќе настапуваат во периодот од 18 до 23 август во клубовите на плажата Зрче на островот Паг.
Повеќе
1234567
Музички времеплов
  • 1993 - UK No1 Bluebells “Young At Heart” 4 w.
  • 1996 - раперот Hammer или претходно M.C. Hammer објавува банкрот.
  • 1959 - BBC ја забранува песната "Charlie Brown" на Coasters поради зборот "плуканица". Подоцна сепак ја пуштаат песната.
  • 1975 - Steve Miller е обвинет зашто ја запалил облеката на својата девојка Benita DiOrio. Подоцна Miller ќе се тепа со еден од полицајците па ќе заработи и казна поради даден отпор. Следниот ден ќе се пошегува со репортерите дека ваквиот публицитет може посилно да му ја "разгори" кариерата.
  • 1972 - завршува фестивалот Mar y Sol во Порто Рико. Конечен биланс: четворица мртви, недостаток од храна, пеколно жешко сонце и турканица на аеродормот во Сан Хуан. Промотерите сепак концертот го оценуваат како успешен.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје