Антена 5 Вести

Lizzo и Dave со настапи на Brit Awards

Lizzo и Dave се приклучуваат кон листата изведувачи на Британските музички награди закажани за 18 февруари.

Трикратната Греми добитничка Lizzo ќе го има својот досега најгледан ТВ настап во Британија. Американската ѕвезда наедно е номинирана во категоријата Најдобар интернационален женски изведувач. Пролетта 2019 година Lizzo го издаде својот трет албум “Cus I Love You” на кој се најде “Truth Hurts”, хитот кој го изведе на своето деби на Гластонбери фестивалот минатото лето.

Британскиот рапер Dave во март 2019 година го издаде својот деби албум “Psychodrama” кој дебитираше на врвот на британската албумска листа, наедно поставувајќи рекорд за најстримуван албум во првата недела од издавањето. Албумот му добнесе одлични критики и 4 номинации за Британските музички награди: Песна на годината (за “Location” во соработка со Burna Boy), Албум на годината, Најдобар нов изведувач и Најдобар машки соло изведувач.

Претходно како изведувачи на Brit Awards се најавени Billie Eilish, Harry Styles, Lewis Capaldi, Mabel, Stormzy, Celeste.

Британските музички награди ќе се одржат на 18 февруари во лондонската O2 Aрена. Антена 5 радио ќе биде присутна во Лондон за наградите со своја екипа и подготвува, како и секогаш, специјална програма посветена на најзначајната ноќ во британскиот музички календар .

06.02.2020
Музички времеплов
  • 1990 - Името на Marvin Gaye е додадено на холивудската Патека на славните.
  • 1984 - Родена е канадската пејачка Avril Lavigne. На возраст од 17 години и 3 месеци станува најмладиот изведувач што се искачува на првото место на британската албумска листа. Тој успех го постигнува со албумот 'Let Go'.
  • 1947 - Роден е Marvin Lee Aday, односно Meat Loaf (1993 UK & USА No.1 'I'd Do Anything For Love But I Won't Do That'. Неговиот албум 'Bat Out Of Hell' од 1978 година поминува рекордни 457 недели на британската албумска листа).
  • 1986 - Lionel Richie започнува двонеделен престој на првото место на американската албумска листа со 'Dancing On The Ceiling'.
  • 1947 - Родена е пејачката и актерка Barbara Dickson (1985 UK No.1 со Elaine Paige - 'I Know Him So Well').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје