Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 2000 - USА No.1 Aaliyah 'Try Again'
  • 1977 - USА No.1 KC and the Sunshine Band 'I'm Your Boogie Man'
  • 1988 - На Вембли стадионот во Лондон се одржува концерт по повод 70-от роденден на Нелсон Мандела. Учествуваат Whitney Houston, Phil Collins, Dire Straits, Stevie Wonder, Tracy Chapman, George Michael, Eric Clapton, UB40, Eurythmics и Simple Minds. Настанот во живо го пренесува BBC и се прикажува во 40 различни земји пред публика од 1 милијарда гледачи.
  • 1961 - Роден е Robert Birch, вокалист во Stereo MC's (1992 UK No.12 'Step It Up').
  • 1977 - Во време кога В.Британија го славни сребрениот јубилеј на Кралицата, Sex Pistols доаѓаат на второто место на сингската листа со контраверзниот сингл 'God Save The Queen'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје