Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1981 - USА No.1 REO Speedwagon 'Keep On Loving You'
  • 1987 - U2 го добиваат третиот британски бр.1 албум 'The Joshua Tree', на кој се сингловите 'Where The Streets Have No Name' и 'I Still Haven't Found What I'm Looking For'. Албумот станува најбргу продаван во историјата на британската музичка индустрија.
  • 1987 - USА No.1 Club Nouveau 'Lean On Me'
  • 1950 - Born on this day, Roger Hodgson, guitar, Supertramp, (1979 US No.6 & UK No.7 single 'The Logical Song').
  • 1984 - Отворен е паркот Strawberry Fields, во околината на Central Park во Њујорк, купен од Yoko Ono како спомен за нејзиниот починат сопруг John Lennon.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје