Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1974 - USА No.1 Roberta Flack 'Feel Like Makin' Love'
  • 1929 - Роден е Eddie Fisher (1953 UK No.1 'Outside Of Heaven', 1955 USА No.6 'Heart').
  • 1959 - По еден концерт, четворица членови на Platters се уапсени, зашто биле пронајдени со 4 разголени 19-годишни девојки (3 од нив биле бели). Скандалот е причина што американските радија почнуваат масовно да ги отстрануваат песните на Patters од плеј листите.
  • 1947 - Роден е Ian Anderson од Jethro Tull.
  • 1947 - Родена е Ronnie Spector од Ronettes (1963 USА No.2 & UK No.4 'Be My Baby'). Сопруга на продуцентот Phil Spector.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје