Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1979 - Куќата на Ringo Starr во Лос Анџелес уништена е од пожар.
  • 1943 - Роден е пејачот и композитор Randy Newman.
  • 2000 - David Bowie е прогласен за најмузикален музичар во анкета на магазинот NME. Анкетата била составена според мислењето на стотици рок и поп ѕвезди кои имале за задача да го именуваат музичарот што бил нивно најголемо влијание.
  • 1992 - UЅА No.1 Whitney Houston 'I Will Always Love You'
  • 2000 - Во лондонската Brixton Academy Madonna го има првиот концерт во В.Британија по повеќе од 7 години. Цената на влезниците достигнувала и до 1.000 фунти.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје