Антена 5 Вести

Lizzo и Dave со настапи на Brit Awards

Lizzo и Dave се приклучуваат кон листата изведувачи на Британските музички награди закажани за 18 февруари.

Трикратната Греми добитничка Lizzo ќе го има својот досега најгледан ТВ настап во Британија. Американската ѕвезда наедно е номинирана во категоријата Најдобар интернационален женски изведувач. Пролетта 2019 година Lizzo го издаде својот трет албум “Cus I Love You” на кој се најде “Truth Hurts”, хитот кој го изведе на своето деби на Гластонбери фестивалот минатото лето.

Британскиот рапер Dave во март 2019 година го издаде својот деби албум “Psychodrama” кој дебитираше на врвот на британската албумска листа, наедно поставувајќи рекорд за најстримуван албум во првата недела од издавањето. Албумот му добнесе одлични критики и 4 номинации за Британските музички награди: Песна на годината (за “Location” во соработка со Burna Boy), Албум на годината, Најдобар нов изведувач и Најдобар машки соло изведувач.

Претходно како изведувачи на Brit Awards се најавени Billie Eilish, Harry Styles, Lewis Capaldi, Mabel, Stormzy, Celeste.

Британските музички награди ќе се одржат на 18 февруари во лондонската O2 Aрена. Антена 5 радио ќе биде присутна во Лондон за наградите со своја екипа и подготвува, како и секогаш, специјална програма посветена на најзначајната ноќ во британскиот музички календар .

06.02.2020
Музички времеплов
  • 1957 - Според традиционалното гласање на читателите на NME, Pat Boone е прогласен за бр.1 пејач во светот.
  • 1999 - Објавен е план на сестрата на Jimi Hendrix, Janie да го откопа телото на својот брат и да го изложи во мавзолеј, така што ќе се наплаќа за секој што сака да го види.
  • 1970 - Janis Joplin пронајдена е мртва во хотел во Холивуд - причина за смртта: предозираност со хероин. Piece Of My Heart
  • 1980 - Од нервна премореност, Carly Simon колапсира на сцената на концерт во Питсбург
  • 1944 - Родена е Patti Labelle. Еве ја со нејзината група LaBelle и 'Lady Marmalade'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје