Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1984 - Annie Lennox се мажи со приврзаникот на Харе Кришна Radha Raman. Ќе започнат бракоразводен процес веќе следната година.
  • 1933 - Роден е продуцентот Quincy Jones (1978 USА No.1 'Stuff Like That', 1981 UK No.11 'Razzamatazz'). Меѓу другите материјали, ги продуцирал и албумите на Michael Jackson 'Thriller' и 'Off The Wall.'
  • 1990 - На 'Soul Train Awards' Michael Jackson изгласан е за артист на деценијата.
  • 1983 - Jon Bon Jovi, Richie Sambora и Alec John Such го формираат бендот Bon Jovi.
  • 1981 - UK No.1 Roxy Music 'Jealous Guy'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје