Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1963 - USА No.1 Kyu Sakamoto 'Sukiyaki' (прва јапонска песна со бр.1 пласман)
  • 1991 - USА No.1 Paula Abdul 'Rush Rush'
  • 1941 - Роден е пејачот и текстописец Harry Nilsson (1972 UK & US No.1 'Without You', 1969 US No.6 'Everybody's Talkin'. The Monkees, Three Dog Night и Ronettes му ги преработувале песните).
  • 1996 - На 78 години умира американската џез пејачка Ella Fitzgerald.
  • 1943 - Роден е 'францускиот Elvis', Johnny Halliday, бил голема ѕвезда во Европа. Jimmy Page, Peter Frampton и членот на Foreigner, Mick Jones свиреле на неговите песни.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје