Настани

D Festival 2016

15.07.2016 20:00 - 17.07.2016 23:59

6-тото издание на Д фестивалот во Дојран се одржа од 15 до 17 јули 2016. Тридневниот музички маратон понуди педесетина домашни и странски изведувачи кои настапија на пет фестивалски бини.

Меѓу годинешните ѕвезди беа Sigma, Roger Sanches, Toy dolls, Бернајс пропаганда, Дубиоза Колектив, Хладно пиво, Лолобриџида, Паркети, Чиста Околина.

Годинава покрај главната фестивалска бина на паркингот Гранит, Москито бината во фестивалскиот камп, фестивалот понуди и нова концертна локација Church Stage - во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Таму настапија Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис, како и „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“.

Програмата на Lake Awake бината, пак, беше посветена на електронската музика.

Во рамките на фестивалот беа организирани и рекреативни активности како Зумба, Јогалатес, Аеробик, Бабл фудбал, стоечко веслање, арт активности како базари, работилници и проекции на документарци во рамките на Македокс патувачкото кино

„Д Фестивал“ годинава се одржува во рамки на манифестацијата „Дојран - град на културата 2016“.

Музички времеплов
  • 1996 - Одликувања од британската Кралица добиваат продуцентот George Martin и Van Morrison.
  • 1999 - Michael Jackson паѓа и се здобива со неколку повреди откако се срушил мост на сцената на концерт во Германија. За време на несреќата Jacko ја пеел 'Earth Song'.
  • 1996 - Шефовите на американските издавачки компании објавуваат идеја за спроведување дрога тестови меѓу пејачите, слични на оние што се применуваат кај спортистите, за да се намали бројот смртни случаи од зависност од дрога.
  • 2000 - Мајка му на Eminem го тужи својот син со 10 милиони долари оштета за навреда на личноста со стиховите "Мајка ми пуши повеќе травки и од мене" дел од хитот на раперот 'My Name Is'.
  • 1985 - David Bowie и Mick Jagger ја снимаат 'Dancing In The Street' за претстојниот добротворен концерт 'Live Aid'.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје