Настани

Exit 2019

04.07.2019 20:00 - 07.07.2019 23:50

Еxit фестивалот се одржа од 4 до 7 јули 2019 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. 19-тото издание на фестивалот беше според многумина можеби најдоброто досега. рекордот на дневна посета беше срушен уште на првиот ден кога низ фестивалските порти поминаа 56.000 луѓе, а во четирите фестивалски дена беше забележана посета од 200.000 посетители.

На 40 фестивалски бини и зони настапија речиси 1.000 изведувачи и уметници од целиот свет, а фестивалот привлече посетители од 90 земји низ светот. Меѓу хедлајнерите беа The Cure, Chainsmokers, Carl Cox, Maceo Plex, Greta Van Fleet, Solomun, Dimitri Vegas & Like Mike, Tom Walker, Paul Kalkbrenner, Lost Frequencies, Skepta, Mahmut Orhan…  

Во чест на титулата Младинска престолнина на Европа првиот ден на Exit беше именуван Opens Day. Програмата на главната бина стартуваше со историскиот концерт на еден од најголемите светски бендови The Cure, кои нивната публика во регионов ги чекаше дури четири децении!

Рокенролот беше присутен и со американската сензација Greta Van Fleet.

Американскиот состав The Chainsmokers покажа зошто важи за еден од најпопуларните музички ѕвезди на денешницата, чии хитови беа хорски пеени од публиката пред главната бина!

На Денс арената настапија водечките ѕвезди од светската електронска сцена. Веќе првата ноќ беше поставен енергетскиот максимум во заедничкиот настап на Carl Cox и Maceo Plex. Тандемската рапсодија на Solumun и Tale of Us траеше повеќе од шест часа. Честа да го затвори фестивалот и Ден Арената ја имаше најбараната техно ѕвезда на денешницата Amelie Lens. За самиот крај на својот настап таа ја одбра “Firestarter” во чест на починатиот KIeith Flint од prodigy, бенд кој беше тесно поврзан со Exit и чии настапи се меѓу историските на фестивалот.

Дека EXIT не е само музички фестивал, потврдија и Јоко Оно и Новак Ѓоковиќ, со нивните видео пораки до публиката, а во живо на отворањето на фестивалот се огласија и старите пријатели на EXIT, социјалните активисти од северноамериканското племе Standing Rock, чии членови денеска се во првите борбени редови за зачувување на животот на Земјата.

Завршната вечер, пред спектакуларниот настап на најдобро рангираните светски DJ-и Dimitri Vegas & Like Mike, популарнииот американски мотивациски говорник Хенри Амар укажа на важноста на одржување на менталното здравје и препорача на публика дека сè што бараат веќе го имаат во себе и дека не им е потребно да користат наркотици. „Да останеме чисти“, големата национална кампања, која Србија ја крена на нозе непосредно пред фестивалот, беше интензивно промовирана на EXIT фестивалот апелирајќи им на посетителите да изберат чист живот без наркотици.

Музички времеплов
  • 1997 - Во Лондон премиерно се прикажува филмот на Spice Girls, 'Spice World The Movie'. Следната година ќе биде номиниран за 'најлош филм' на доделувањето на наградата Златна малина.
  • 1942 - Роден е Dave Clark од Dave Clark Five. UK No.1 'Glad All Over'
  • 1999 - Поранешниот менаџер на Sex Pistols, Malcolm McLaren објавува дека ќе се кандидира за градоначалник на Лондон. Неговата изјава гласи: 'Го сменив Лондон со Sex Pistols, можам да го сменам и како градоначалник'.
  • 2002 - UK No.1 Blue & Elton John 'Sorry Seems To Be The Hardest Word'
  • 1984 - Do They Know Its Christmas' на Band Aid влегува на првото место на британската синглска листа и на таа позиција останува 5 недели. Ќе стане најпродаван британски сингл на сите времиња со тираж од 3,5 милиони копии.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје