Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1982 - сред бел ден во Лос Анџелес Rod Stewart е нападнат и ограбен.
  • 1960 - започнува снимањето на филмот на Elvis Presley, “G.I. Blues”.
  • 1960 - роден е Roger Taylor, тапанист во Duran Duran.
  • 1987 - USA No1 Cutting Crew “(I Just) Died in Your Arms”.
  • 1986 - 5150, првиот албум на Van Halen снимен со Sammy Hagar, се искачува на врвот на американската албумска листа. Името на албумот е земено од њујоршки полициски код за криминал.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје