Музички Вести

Ciara е бремена

Ciara потврди дека очекува дете со својот нов сопруг, рагби ѕвездата Russell Wilson. Пејачката ја објави веста преку својот Инстраграм профил на 25 октомври, кога наедно наполни 31 години.

Покрај црно-белата слика со Wilson, таа напиша: “На овој посебен роденден добив мноштво љубов од пријателите и семејството... и возбудена сум што конечно може да споделам еден од најголемите подароци што Господ може да ги подари...“ Пораката ја заврши со емитикони од бебиња.

Од врската со бившиот свршеник, раперот Future, таа го има 3-годишниот син Future Zahir.

26.10.2016
Музички времеплов
  • 1934 - Роден е канадскиот пејач и поет Leonard Cohen. Dance Me To The End Of Love
  • 1989 - Bangles објавуваат дека се распаѓаат. Ќе се реоформат во 2000 година.
  • 1991 - Status Quo влегуваат во Гинисовата книга на рекорди, зашто во еден ден, во период од 12 часа, имале настапи на 4 различни локации: во Шефилд, Глазгов, Бирмингем и Лондон.
  • 1961 - 21-годишниот Bob Dylan за само еден ден го снима својот деби албум. Цената за изнајмување на студиото била 400 долари.
  • 1980 - Bob Marley колапсира додека џогира во њујоршкиот Central Park. Открива дека е заболен од рак.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје