Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1972 - Роден е Mike Dirnt, басист во Green Day.
  • 1970 - Роден е Gregg Alexander, пејач и текстописец во New Radicals.
  • 1996 - US No1 Mariah Carey 'Always Be My Baby'
  • 1951 - Роден е Jackie Jackson од Jackson Five.
  • 1978 - Night Fever' од саундтракот на филмот 'Треска во саботната вечер' станува третиот британски бр1 хит за Bee Gees.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје