Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1962 - USA No1 The Shirelles 'Soldier Boy'.
  • 1959 Роден е Ian McCulloch од Echo And The Bunnymen.
  • 1981 - Роден е Craig David.
  • 1984 - Пејачот на Simple Minds, Jim Kerr се жени со Chrissie Hynde, додека се возат со кочија низ Central Park во New York.
  • 2000 - Rod Stewart е подложен на едночасовна операција на грлото за отстранување израсток на штитната жлезда. На крај излегува дека израстокот бил безопасен.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје