Антена 5 Бр. 1 радио во Македонија


Историја

АНТЕНА 5 РАДИО СО ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА

    

1994, го формиравме Антена 5 Радио со идеја Македонија да има совре­мено хит радио со комплетно нов радио израз кое ќе понуди модерна европска програмска концепција. Антена 5 во Македонија го воведе светски најраспространетиот и најуспешниот радио формат (CHR) Contemporary Hit Radio.
Водителите на Антена 5 понудија нов, во тоа време модерен стил на најавување, прилагодувајќи го гласот кон ритамот на музиката и воведоа нов стандард кој создава и радио динамика, која е знак за препознатливост на Антена5.
АНТЕНА 5 од самиот почеток се вклучи  во европскиот крем на радио станици кои беа собрани од музичката телевизија MTV ( MTV RADIO NETWORK), и како резултат на тие контакти и работа, стана дел од европската радио индустрија.
Според резултатите од сите истражувања на слушаноста спроведувани во Македонија, веќе шестаесет години Антена 5 е број 1 Радио по слушаност и рејтинг за целната група од 12-45 години, на национално ниво.
Тимот на Антена 5 и понатаму ќе продолжи да истражува, креира и реализира проекти за публиката, со што Антена 5 ќе добие уште поголема, понова и помодерна димензија.

- Aнтена 5 во својата историја направи повеќе од 300 интервјуа со најголемите музички звезди.
- Антена 5 беше првата радио станица на Балканот со своја WEB страна, во 1995 и прва која емитуваше програма преку интернет REAL AUDIO 1996. Присуствува со свои репортери на големите  Европски музички настани  MTV Europe Music Awards почнувајки од 1994, BRIT AWARDS, Големите европски DANCE фестивали; ги пренесува во живо светските големи концерти (NET AID, CONCERT FOR NEW YORK, WORLD AIDS DAY, PARTY IN THE PARK) и најголемите музички настани кои се случуваат во регионот и во Македонија.
- Промотивно за светските дискографски компании во Македонија промовира синглови и албуми.
- 1994 прва воведе компјутерско водење на програмата со емитување на звук во етер преку компјутери.
- 1995 -1997 Антена 5 ја продуцираше Радио Топ Листа На Македонија, која ја компилираше и емитуваше во живо заедно со 20 најпопуларни радио станици од цела Македонија
- Има организирано преку 100-тина разни забави, маскенбали и подржа безброј концерти, претстави, настани во Скопје и низ Македонија.
- Прва промовираше СМС поврзаност со публиката, 2001.
- Прва воведе седум музички стилски канали на интернет заедно со ОН НЕТ, 2001.
- Антена 5 покрива 95 % од територијата на Македонија со 20 предаватели со висококвалитетен Стерео РДС ЕОН сигнал.
- Прва во Македонија инсталираше копмлетна дигитална ON AIR студиска опрема, спремна за новиот светски радио broadcast стандард DAB (DIGITAL AUDIO BROADCAST).

Музички времеплов
  • 1996 - UK No.1 Prodigy 'Firestarter'
  • 1979 - Родена е Norah Jones (2002 USА & UK No.1 албум 'Come Away With Me' - награден со Греми).
  • 1950 - Роден е Dave Ball од Procol Harum (1967 UK No.1 & USА No.5 'A Whiter Shade Of Pale').
  • 1945 - Роден е гитаристот, пејач и текстописец Eric Clapton, член на The Roosters, Casey Jones and the Engineers, John Mayall's Bluesbreakers, Cream (1967 UK No.11 'I Feel Free') и Derek and the Dominoes (1972 UK No.7 'Layla') и соло изведувач (1974 USА No.1 'I Shot The Sheriff', 1992 UK No.5 & USА No.25 'Tears in Heaven').
  • 1979 - Роден е Simon Webbe, вокалист во Blue (2002 UK No.1 'If You Come Back').
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје