Настани

BRIT AWARDS 2018

21.02.2018 20:00 - 21.02.2018 23:00

На 21 февруари во О2 Арената во Лондон се одржа 38-тото издание на Британските музички награди. Како водител на манифестацијата е ангажиран британскиот актер и комичар Jack Whitehall.

Големите победници на најпрестижната ноќ во британскиот музички календар беа Dua Lipa и Stormzy кој освоија по две награди.

Победниците во две категории беа познати пред одржувањето на самите награди - Jorja Smith ја освои Critic’s Choice наградата, додека Steve Mac бeше прогласен за најдобар продуцент.

Дизајнер на Брит статуетката за 2018 е сер Anish Kapoor, еден од најзначајните британско-индиски скулптори на својата генерација чија кариера трае 4 децении. Тој е првиот скулптор избран за ја дизајнира Брит статуетката.

На свеченоста Ariana Grande требаше да настапи во чест на жртвите од терористичкиот напад во Манчестер, но мораше да се повлече од здравствени причини. На нејзино место беше ангажиран Liam Gallagher кој ја изведе “Live Forever”.

Rita Ora имаше медли од “Your Song”, “Anywhere” и “For You” во што и помогна Liam Payne.

Justin Timberlake имаше медли од “Midnight Summer Jam” и “Say Something”, потпомогнат од Chris Stapleton.

Kendrick Lamar изведе медли од “Feel” и “New Freezer”.

Rag’n’Bone Man ја изведе “Skin” со помош на Jorja Smith

Dua Lipa ја изведе “New Rules”, Ed Sheeran ја забавуваше публиката со “Supermarket Flowers”, а Sam Smith ја изведе “Too Good at Goodbyes”.

Грајм ѕвездата Stormzy ги изведе “Blinded By Your Grace” и “Big for Your Boots”.

Музичката недела непосредно пред Британските музички награди, како поддршка за хуманитарната организација War Child, започна на 12 февруари со концерт на Jessie Ware. Во рамките на музичката недела која траеше се до 24 февруари настапија голем број изведувачи меѓу кои Kygo, Ed Sheeran, Rag’n’Bone Man, Laura Marling, The Vamps, Alt-J со концерти низ Лондон и Wolf Alice со настап во Манчестер.

Листа на награди

Најдобар британски женски изведувач -- Dua Lipa
Најдобар британски машки изведувач – Stormzy
Најдобра интернационална група - Foo Fighters 
Најдобар британски сингл: Rag'n'Bone Man - 'Human'
Најдобар интернационален машки изведувач - Kendrick Lamar
Најдобар британски нов изведувач - Dua Lipa
Најдобар интернационален женски изведувач - Lorde
Најдобра британска група - Gorillaz
Глобален успех - Ed Sheeran
Најдобар британски спот - Harry Styles - 'Sign Of The Times'
Најдобар британски албум - Stormzy - 'Gang Signs & Prayer'
Critics’ Choice - Jorja Smith
Најдобар продуцент на годината - Steve Mac

Музички времеплов
  • 1943 - Родена е пејачката и тексотписец Roberta Anderson, попозната како Joni Mitchell. 'Big Yellow Taxi'
  • 2002 - Откако бил стопиран во Атланта, Bobby Brown, уапсен е зашто поседувал марихуана, возел без возачка дозвола и нема осигурителни докази.
  • 1975 - Поставен е нов светски рекорд за најдолго свирење гитара. Рекордер е Steve Anderson кој свирел 114 часа и 17 минути.
  • 1967 - Родена е Sharleen Spiteri, вокалистка во Texas. 'I Don't Want A Lover'
  • 1987 - USА No.1 Tiffany 'I Think we're Alone Now'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје