Антена 5 Вести

Liam Gallagher е првата Рок икона на MTV EMA

MTV ќе ја одликува мегаѕвездата Liam Gallagher со првата воопшто Рок икона награда во рамките на MTV европските награди, на 3 ноември во Севиља, Шпанија.

Рокерот, кој е и меѓу номинираните изведувачи, освен што ќе ја прими оваа награда, ќе изведе една хит нумера од времето со Oasis, како и нумера од неговиот последен албум “Why Me? Why Not”.

“Не постои сомневање дека дека Liam Gallagher е еден од најуспешните, навлијателни и харизматични рок изведувачи на денешницата. Богатата музичка историја која ја имаме со Liam, со неговиот поранешен бенд Oasis и како соло изведувач, не инспирираше да ја покренеме оваа награда. Нема сомнение дека тој остави белег на рок сцената и дека се уште создава песни кои продолжуваат да ги обликуваат генерациите кои стасуваат,“ се вели во соопштението на организаторите на MTV европските музички награди.

Gallagher, најхаризматичниот фронтмен на неговата генерација и гласот на култните Oasis, во 2017 се врати на сцената со неговиот бр.1 соло албум “As You Were”. Потоа, освои голем број на престижни награди на GQ Awards, NME Awards, Q Awards… Неодамна го издаде вториот соло албум “Why Me? Why Not” кој исто така ја осои британската албумска листа. Неговата светска турнеја е во ек, вклучувајќи два распродадени концерти во лондонската О2 Арена, во 2020 ќе замине на соло турнеја низ САД.

Претходно беше објавено дека на наградите ќе настапат Dua Lipa, NCT 127, Niall Horan, Halsey, Ava Max, Mabel, Akon, Becky G, Rosalia, Sofia Reyes.

Антена 5 како и секогаш ќе ја пренесува атмосферата од градот домаќин на наградите Севиља, придружните настани, црвениот тепих и од самото шоу.

30.10.2019
Музички времеплов
  • 1999 - На Ivor Novello наградите, Rod Stewart и Chrissie Hynde добиваат одликувања за придонес во британската музика, а Robbie Williams и Guy Chambers се прогласени за текстописци на годината.
  • 1956 - Роден е Neil Finn, гитарист и вокалист во Crowded House (1992 UK No.7 'Weather With You').
  • 1966 - Роден е Sean Kinney од Alice In Chains (1993 UK No.19 'Would').
  • 1977 - Издаден е хитот на Sex Pistols, 'God Save The Queen'. Песната била забранета на ТВ, на радио и за продажба во некои продавници во В.Британија. Сепак, се продава во над 200.000 копии за една недела и доаѓа до втората позиција на британската синглска листа.
  • 1975 - Роден е Benjamin Andre односно Andre 3000 од Outkast.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје