Антена 5 Вести

Објавени првите изведувачи на Brit Awards 2020

БРИТ номинираните изведувачи Billie Eilish, Harry Styles, Lewis Capaldi, Mabel и Strormzy се најавени како изведувачи на претстојното издание на Британските музички награди, заедно со Celeste која е добитник на Rising Star наградата.

Музичкиот феномен Billie Eilish е номинирана во категоријата Најдобар женски интернационален изведувач. Со своето студиско деби “When We All Fall Asleep, Where Do We Go?”, минатата година 18-годишната поп ѕвезда стана најмладиот женски изведувач кој ја освоил британската албумска листа. Минатото лето имаше и запазени настапи на британските музички фестивали Гластонбери и Рединг & Лидс.

Во декември Harry Styles го издаде вториот соло албум “Fine Lines”, на кој се најдоа хит сингловите “Lights Up” и “Adore You”. Тој е номиниран во категориите Најдобар британски машки изведувач и Албум на годината.

Шкотскиот музичар Lewis Capaldi имаше година од сништата во 2019. Неговиот деби албум помина шест недели на врвот на британската листа, годината ја заврши како најпродаваниот албум на годината во Британија, а на врвот се врати како првиот бр.1 албум во новата деценија. Номиниран е во 4 категории –  Најдобар британски машки изведувач, Најдобар нов изведувач, Песна на годината и Албум на годината.

2019 беше успешна и за Mabel. “Don’t Call Me Up” постигна глобален успех и беше најпродаван сингл на годината од британски женски изведувач. Номинирана е за три БРИТ нагаради - Најдобар британски женски изведувач, Најдобар нов изведувач и Песна на годината.

По извонредниот настап на Гластонбери и успехот со бр.1 албумот “Heavy Is The Head”, на кој се најдоа два бр.1 синглови – “Own it” и “Vossi Bop”, британскиот рапер Stormzy се враќа на Британските музички награди, по извонредниот настап во 2018. Годинава е номиниран во 3 категории - Најдобар британски машки изведувач, Песна на годината и Албум на годината.

Претходно беше објавено дека добитник на првата Rising Star награда e Celeste која наедно ќе настапи на шоуто.

Британските музички награди ќе се одржат на 18 февруари во лондонската O2 Aрена и ќе бидат пренесувани во живо на Антена 5 радио.

24.01.2020
Музички времеплов
  • 1990 - UK No.1 Bombalurina 'Itsy Bitsy Teeny Weeny Yellow Polka Dot Bikini'
  • 2002 - UK No.1 Blazin Squad 'Crossroads'
  • 1962 - USА No.1 Little Eva 'The Loco-motion'
  • 1993 - Snoop Doggy Dogg е ослободен од затвор со кауција од 1 милион долари. Престојувал во затвор зашто бил вмешан во убиство како дел од бандата By Yerself од Лос Анџелес.
  • 2001 - Американската пејачка и актерка Aaliyah загинува на 22 години во авионска несреќа на Бахамите. Авионот се срушил само неколку минути по полетувањето и загинуваат сите од предниот дел, а 4-та патници од задниот дел се тешко повредени и подоцна им подлегнуваат на повредите. На Бахамите Aaliyah го снимала спотот за новиот сингл ‘Rock The Boat’.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје