Спортски Вести

Вардар победник на Кањижа купот

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир. Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.
Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22

17.08.2015
Музички времеплов
  • 1987 - USA No1 Cutting Crew “(I Just) Died in Your Arms”.
  • 1960 - роден е Roger Taylor, тапанист во Duran Duran.
  • 1995 - Courtney Love од Hole ја одбива понудата од 1 милион долари од Playboy да се слика гола.
  • 1999 - Sinead O'Connor станува свештеник и го прифаќа името Мајка Bernadette Mary.
  • 1982 - сред бел ден во Лос Анџелес Rod Stewart е нападнат и ограбен.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје