Спортски Вести

Мареј победник на Мастерсот во Монтреал

Енди Мареј успеа да триумфира на Мастерсот во Монтреал откако синоќа во финалето по речиси три часа игра го совлада Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови. Со оваа победа тој ја прекина серијата од осум триумфи на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели и ја постигна деветта победа во 28.иот меѓусебен меч.

Финалето Мареј го доби со 6:4; 4:6 и 6:3 во сетови.

Новиот шампион на „Роџерс купот“ во Монтреал го искористи нешто послабиот сервис и грешките, кои ги правеше првиот светски тенисер и заслужено стигна до својата четврта титула во 2015 година или 35.та во кариерата. 

Беше познато и пред освојувањето на турнирот во Монтреал дека Мареј од денеска се враќа на местото број 2 на АТП листата и успеа да го мине Рожер Федерер, додека на првото место е Новак Ѓоковиќ

17.08.2015
Музички времеплов
  • 2003 - Luther Vandross преживува мозочен удар.
  • 1963 - роден е Џими Озмонд намладиот член на групата Озмондс.
  • 1990 - Над 72.000 луѓе се собираат во лондонскиот Вембли стадион на концертот против апартхејдот, а во чест на Nelson Mandela, кој беше ослободен од затвор. Дел од оние што настапуваат во живо се Jackson Browne и Bonnie Raitt.
  • 1964 - роден е David Pirner, пејач и текстописец во Soul Asylum.
  • 1993 - Billy Burnette ги напушта Fleetwood Mac за да се сконцентрира на кантри музиката.
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје