Спортски Вести

Себастијан Коу нов претседател на Светската атлетска федерација

Прославениот британски атлетичар Себастијан Коу е избран за нов претседател на Светската атлетска федерација (ИААФ) наместо досегашниот Ламин Дијак од Сенегал. Досегашниот претседател беше вкупно 16 години „прв човек“ на ИААФ.

Коу на изборите освои повеќе гласови од Сергеј Бубка, кој му беше противкандидат (Коу доби 115, а Бубка 92 гласа).

Британецот со тоа доби четиригодишен мандат, а Бубка го задржа местото потпретседател на ИААФ.

Коу беше двократен олимписки шампион на 1.500 метри (1980 и 1984 година), а ја извршуваше и функцијата претседател на Организациониот одбор на Олимписките игри во Лондон.

19.08.2015
Музички времеплов
  • 1995 - Вокалистот на INXS, Michael Hutchence е обвинет за напад на фотограф во лондонски хотел.
  • 1944 - Роден е соул пејачот и продуцент Barry White. Let The Music Play
  • 1966 - Премиера на првото ТВ шоу на Monkees на N.B.C.
  • 1987 - Саундтрак албумот 'La Bamba' се искачува на првото место на американската албумска листа. Еве ги Los Lobos ао насловната песна.
  • 2004 - Natasha Bedingfield доаѓа на првото место на британската албумска листа со дебито ‘Unwritten.’ Single
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје