Спортски Вести

Работнички со активен резултат ќе патува во Казан

Екипата на Работнички од Скопје во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казан 1:1 (полувреме 0:0).

Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54-та минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.

Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.

На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.

21.08.2015
Музички времеплов
  • 1980 - USА No.1 Lipps Inc 'Funkytown'
  • 1969 - Plastic Ono Band ја снима 'Give Peace A Chance' додека трае кампањата 'во кревет' во канадски хотел.
  • 1998 - UK No.1 Tamperer 'Feel It'
  • 1976 - The Who влегуваат во Гинисовата книга на рекорди како сопстевници на најгласниот рок концерт од 120 децибели.
  • 1997 - UK No.1 Eternal 'I Wanna Be The Only One'
  • Повеќе
Фреквенции
Скопје